slovenija.jpg

Во нашиот регион се наоѓа државата која доби меѓународно признание за екологија и одржливост, пишува “National Geographic”.

Обединетите нации, 2017-та година ја прогласиле за “Меѓународна година за одржување на развојот на туризмот”. Земјата која добила најмногу поени во сите категории, а со тоа добила и титула како победник е Словенија.

Титулата “најодржувана” земја, дошла откако е утврдено дека Словенија исполнува 96 од 100 индикатори за одржливост.

Повеќето високо рангирани земји, имале околу 80 исполнети индикатори. Некои од нив се: грижа за околина и климатските промени, биодиверзитет, културна автентичност итн. Оваа вест не изненади многумина, бидејќи словенечката престолнина добила титула за “Најзелен град во Европа”, во 2016-та година.

Оваа награда дошла како резултат на напорната работа на владата, која вовела скапи еколошки мерки и закони. Еден од законите вели дека отпадот мора, уште во најраната фаза да се одвојува на отпад за пластика, хартија и био-отпад. Со тоа е осигурано дека третина од отпадот кој се произведува во текот на годината, ќе се рециклира. Со воведувањето на мерките за возење на јавни велосипеди, автобуси кои користат природен гас и забраната за возење на автомобили во центрите на поголемите градови, Словенците успеале драстично да ја намалат појавата на штетни гасови.

Природниот гас исто така се користи за греење на стамбен простор.

Уште една причина поради која Словенија ја заслужила споменетата титула е и фактот дека 60% од нејзината територијата е покриена со шуми. На тоа треба да се додаде и податокот дека во Словенија постојат 20.000 видови на животни и растенија, кои непречено живеат во 40 национални паркови и резервати.

“Бидете горди на својата земја и потрудете се нејзините места да бидат ваша гордост и пет години од денешниот ден, такашто ќе остане зелена, чиста и автентична за туристите”, изјавил Албер Салман, на свечената церемонија за доделување на наградите.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail