Најден фосил на крлеж. Траги од диносаурус внатре.

Najden-fosil-na-krlez.-Tragi-od-dinosaurus-vnatre..jpg

Најден фосил на крлеж. Траги од диносаурус внатре.

Се сеќавате дека „Паркот Јура“ (Jurassic Park) почнува како геолози наоѓаат делови од килибар со комарци полни со крв од диносауруси? Меѓународен тим на научници воден од истражувачи на Универзитетот во Оксфорд во Велика Британија тукушто откри нешто слично – доказ дека крлежите некогаш се хранеле со крвта на диносаурусите – откако проучувал паразити сочувани во парче фосилизиран килибар стар 99 милиони години. Додека тие немаат планови да пробаат да клонираат диносауруси и да отворат глобален тематски парк, нивните откритија може да помогнат при дознавање нешто повеќе за диносаурусите.

„Претходно се претпоставувало дека крлежите ја вшмукуваат крвта на диносаурусите, но никогаш претходно не бил пронајден фосилизиран крлеж поврзан со остатоците на домаќинот,“ изјави истражувачот Д-р. Рикардо Перез де ла Фуенте (Dr. Ricardo Pérez-de la Fuente), од Природонаучниот музеј на Оксфордскиот универзитет, за Дигитал Трендс (Digital Trends). „Иако не можеме да го знаеме точниот вид на пернат диносаурус кој имал паразити како крлежите, можеме да ги отфрлиме модерните птици бидејќи се појавиле околу 25 милиони години подоцна од ерата на бирманскиот килибар водејќи се според сегашни молекурални и палеонтолошки докази.“

Античкиот крлеж пронајден од истражувачите, наречен Deinocroton draculi, или „страшниот крлеж на Дракула“, е многу различен од речиси секој жив крлеж. Нема доволно фосилни записи кога станува збор за примероци од овој вид, а истражувачите се надеваат дека ова откритие ќе пополни некои значајни празнини во знаењето.

За жал, ова нема да води кон диносауруси повторно да шетаат на Земјата. „Засега, и тоа со користење на современи техники, извлекувањето на кохерентно сочуваниот генетски материјал од инклузии сочувани во килибарот се покажа невозможно,“ изјави Енрике Пењалвер (Enrique Peñalver), истражувач од Геолошкиот музеј (Museo Geominero )во Шпанија, за Дигитал Трендс (Digital Trends). „ДНК е многу кревка молекула, па дури и во идеални услови, таа е уништена пред 1 милион години. Од таа причина, научниците сметаат дека не може да се зачува во било кој килибар. Дополнителен – но секако не помал – проблем би бил тоа што не можеме да ги користиме јајце-клетките на диносаурусите за клонирање. Јајце-клетките содржат многу сложени информации за развојот на ембрионот, и не постојат соодветни јајце-клетки меѓу постоечките кои може да се искористат за клонирање на античката ДНК на диносаурусите.“

Моментално се чини дека животот, за жал, нема да најде начин.

 

Извор: Digital Trends

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail