Најдена е масовна гробница со 4.000 тела

20170226125328.jpg

Масовна гробница во која  се наоѓаат околу 4.000 тела е пронајдена во близина на ирачкиот град Мосул, во кој моментално се води операција против „Исламска држава“, пишува британскиот весник „Телеграф“.

Пронајден е огромен кратер во областа Хасфа во близина на патот, кој ги поврзува Мосул со Багдад.

Повеќето жртви се стрелани, според очевидци, а според нивните проценки јамата била длабока повеќе од 400 метри пред во неа да почнат да ги фрлаат телата.

Припадниците на „Исламска држава“ убивале ирачки војници заробени во 2014 година и ги фрлале нивните тела во оваа јама, наведува весникот.

Источниот дел на градот е ослободен лани во октомври, а западниот е под контрола на џихадистите.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail