Најдобар избор на професии за интровертите

20161207-najdobar-izbor-na-profesii-za-introvertite-m.jpg

Дали сакате да го поминувате времето сами со себе отколку со другите луѓе? Дали преферирате да работите сам? Дали стравувате да бидете во центарот на вниманието? Ако одговорот на овие прашања е да, вие веројатно сте интроверт. Да се биде интроверт значи дека добивате енергија од внатре, отколку од надворешните извори или другите лица.

Спротивно на популарното верување интровертите не се осамени луѓе кои одбиваат да комуницираат со другите, туку едноставно кажано тие се мотивирани и постигнуваат најдобри резултати кога работат сами. Тие се најсреќни кога се оставени сами на себе да ја извршат нивната работа.

Занимањата кои ја потенцираат самостојната работа и се надвор од очите на јавноста обично се добар избор за интровертите. Важно е да се земе во предвид дека повеќето занимања вклучуваат барем некаква интеракција и повремена соработка со другите.

1. Архивар

Архиварите чуваат историски значајни или потенцијално вредни документи и евиденција на податоци за музеи, влади, колеџи, универзитети и корпорации. Нивната работа вклучува каталогизација на овие предмети, пишување описи и подготвување за приказ на истражувачите. Додека архиварите обично работат самостојно, тие исто така  координираат работилници и предавања за своите колекции.

2. Преведувач

Преведувачите го претвораат пишаниот материјал од еден јазик на друг. Тие обично работат сами со употреба на компјутер за примање и доставување на документи. Нивните колеги толкувачи го претвораат говорениот збор помеѓу јазиците и затоа се наоѓаат себеси работејќи директно со други луѓе или дури и пред публика. Оваа разлика го прави преведувањето од толкувањето повеќе задоволувачка кариера за интровертите.

3. Статистичар

Статистичарите поминуваат поголем дел од своето време на вршење на статистички анализи со цел да ја одредат веројатноста да се случат некои настани. Нивната цел е да ги намалат трошоците на нивните работодавци, генерално осигурителните компании. Бидете свесни дека нивната секојдневна работа е пред се независна, нотие често мора да функционираат како членови на тим.

4. Компјутерски програмер

Програмерите поминуваат голем дел од нивниот ден „зјапајќи“ во екранот како што создаваат кодови за компјутерите да функционираат. И покрај тоа што се членови на тимови кои вклучуваат и други технички професионалци тие поминуваат поголем дел од своето време работејќи сами.

5. Медицински записничар

Иако медицинските записничари ги преведуваат докторските пишани извештаи, тие не се справуваат со комуникација лице во лице. Тие добиваат снимки преку интернет, внесуваат податоци во компјутер и потоа ги запишуваат извештаите по електронски пат.

6. Антрополог

Антрополозите го учат потеклото, однесувањето и развојот на човечките суштества. Како и другите истражувачко-ориентирани професии, ова е особено погодна професија за интровертите. Иако антрополозите треба да прават презентации за нивните наоди што оди против природната тенденција на интровертите да останат надвор од центарот на вниманието, нивните редовни задачи ги извршуваат сами. Тука спаѓа дизајнирање на проекти за истражување, тестирање на хипотези и собирање и анализа на податоци.

7. Археолог

Работата на археолозите исто така вклучува истражување. Тие ги проучуваат доказите за минатите цивилизации, трошат многу од своето време во истражување на урнатини, собирање и проучување на артефакти и пишување на резултатите од своите наоди. Како и антрополозите и тие често ја презентираат својата работа на колегите, но нивните секојдневни активности не бараат голема доза на интеракција со другите луѓе.

8. Десктоп издавач

Десктоп издавачите користат компјутерски софтвер за креирање документи. Тие го дизајнираат распоредот на страниците и манипулираат со текстот и графиката. Тие обично треба да се консултираат со клиенти и други членови на тимот кога работат на еден проект, но голем дел од времето поминуваат пред компјутер работејќи сами.

9. Хемичар

Хемичарите трошат многу време работејќи сами во лабораторија. Тие го применуваат своите знаења за хемикалиите за развој на нови производи и процеси. Како и повеќето работни места од листата тие не се во изолација цело време и мора да разговараат за нивната работа со колегите.

10. Писател

Писателите создаваат оригинални дела, вклучувајќи книги, песни, драми, материјал за рекламирање, текстови на песни и статии. Оваа работа подразбира првенствено осамена работа, но понекогаш таа бара изјави од извори и интервјуа. Писателите исто така комуницираат со уредници кои им даваат задачи и им обезбедуваат фидбек.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail