jahta.jpeg

Доколку сметате дека најдобрата работа на светот е некој да ви плати да “дремете” во текот на работното време, размислете уште еднаш.

Еден стартап веб-сајт огласи вистинска работа од соништата – платено патување околу светот и тестирање на луксузни јахти, пренесува “Fox News”.

Огласот за работата го објавил “HushHush”, неодамна лансиран веб-сајт за луксузно купување.

Пазарот, познат како “Амазон за милионери” бара личност која ќе ги оценува јахтите пред да бидат огласени на сајтот. Огласот за таа улога, која се плаќа 1.300 долари неделно, бара од вработениот да живее, јаде и спие на јахтата во рок од една недела, проверувајќи ги нејзините функции, квалитет и подобност за огласување, вклучувајќи ги дури и штекерите, вратите, креветите, тушевите и славините.

Личноста која ќе победи на конкурсот ќе има можност да оцени до 50 јахти годишно, што се плаќа околу 65 илјади долари (околу 57 илјади евра).

Како што пренесува “Insider”, искуството со јахти не е важно, иако би било значајно за лицата кои ќе се пријават. Критериумите велат дека кандидатот мора да има барем 21 година, важечки пасош и да биде достапен во текот на годината.

“Лицата кои ќе се пријават, ќе ги оценуваат јахтите и ќе ги споредуваат со ригорозните стандарди кои ги има “HushHush” за да бидат огласени на сајтот”, наведуваат од компанијата.

Ова не е првпат “HushHush” да огласува луксузна улога за “тестер на производи”. Претходно оваа година, тие објавиле оглас за личност која ќе тестира слични производи – стил, удобност, перформанси и погодност за сајтот и да напише детален извештај.

Некои од најскапите работи кои се продаваат на сајтот се француски замок од 80 милиони долари, како и “суперјахта” од 27 милиони долари.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail