Најдобри професии за луѓето кои сакаат да го пропатуваат светот за малку пари

travel3.jpeg

Одберете професија каде што ќе ве плаќаат за да патувате по светот и да уживате во неверојатни авантури.

1. Работа на брод
Работата на брод е најдобрата шанса за да патувате низ светот, а уште и да ви плаќаат за тоа. За оваа авантура не мора да бидете морнар. На бродот можете да миете садови, да ги послужувате гостите, да им пеете… можностите се големи.

2. Пилот / стјуардеса
Ако сакате секој ден да бидете во друга странса држава, станете пилот или стјуардеса. Само имајте во предвид дека поради густиот распоред некогаш нема да имате време да ја разгледате посакуваната дестинација.

3. Археолог
Ако сте љубител на старите цивилизации, запишете се на археологија. Оваа работа ќе ве одведе на атрактивни дестинации ширум светот, а за ова искуство ќе бидете и платени.

4. Наставник по странски јазици
Наставниците по странски јазици се незаменлив дел од секој образовен систем, но во некои земји недостасува овој кадар. Лесно ќе најдете работа ако сте подготвени да го споделите своето знаење со луѓето од третиот свет. Платите таму се мали, но задоволството од извршената работа и погледот од училницата се неверојатни.

5. Готвач
Врвните професионалци во кујна се многу барани, па не е чудо што многу готвачи патуваат низ светот работејќи во познати хотелски ланци и одмаралишта.

6. Бизнисмен
Ако имате капитал за отварање на фирма, регистрирајте се за увоз или извоз на одредени производи. На тој начин, работата може да ве одведе во егзотични делови од светот каде што можете директно од производителите да нарачате егзотични зачини, најфина свила или некој трет производ за својот пазар.

7. Блогер или влогер за патувања
Ако имате голем број на следбеници на Јутјуб каналот или блогот, со помош на познати брендови кои го сакаат вашето промовирање можете да заработите доволно пари за патување на далечни дестинации.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail