Најдобриот мотивациски говорник за менеџмент на Балканот доаѓа во Скопје

darko.jpg

Aсоцијацијата на менаџери на Македонија (АММ) за прв пат го носи во Скопје, Дарко Мирковиќ, најдобриот мотивациски говорник за менаџмент на Балканот.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Дарко Мирковиќ има фасцинантна биографија, а накратко, на јавноста и е познат како мотивациски говорник претприемач, консултант и тренер кој секојдневно ги поттикнува луѓето да направат натпросечни резултати во своите области. Неговото мото секогаш е: „Верувај и направи!“ Вештините и способностите на Дарко Митровиќ се препознаени од Брајан Трејси, еден од најголемите лидери од областа за развој на човечките потенцијали. „Eкспертизата што ја поседува Дарко ќе ви помогне да ги остварите посакуваните резултати: зголемена продажба, поголема продуктивност во работата, проголем профит на Вашата компанија и поголеми резултати за Вас и Вашите вработени“, за него вели Брајан Трејси.

Дарко Мирковиќ е основач и директор на компанијата „Алтерна“ од Белград, која е носител на регионалната Мастер лиценца за програмите за развој на работните вештини, во Србија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија. Тој има одржано мноштво предавања, тренинзи, конференции и семинари на теми врзани со лидерството и начините на зголемување на продажбата и сатисфакцијата од сработеното на Балканот и пошироко. Неговото интернационалното искуство во полињата за развој, тренинг, обука и продажен менаџмент, го направи и првиот лиценциран тренер за “Structogram –Training System” во Србија.

Се покануваат сите претприемачи, менаџери или, пак, сите кои сакаат да научат некоја нова вештина за подобрување на своите работни капацитети, да се пријават на info@amm.com.mk.

Настанот ќе се одржи во хотел Арка, на 12 февруари, во 18.30 часот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top