Најдобрите 3 универзитети во светот се во Америка

uni.jpg

Американците можеби се соочуваат со стереотипот дека се „најглупавата нација во светот“, но овие податоци укажуваат на спротивното.

Трите најдобри светски универзитети се лоцирани токму во Америка.

Прворангираниот престижен универзитет Харвард ја предводи листата со максимум поени, а по него следуваат Стенфорд и калифорнискиот Универзитет Беркли.

uni1

Всушност, интересно е што на листата со првите 16 највисоко рангирани универзитети во светот, Британците единствено со 2 институции (Кембриџ на 4-тото место и Оксфорд на 7-то) успеваат да ја поматат супериорноста на Американците во поглед на академското образование.

Ранг листата ја спроведува Институтот за високо образование на Шангајскиот Универзитет, кој по вторпат му го доделија признанието на Харвард за најдобар универзитет во светот.

Целата листа може да ја видите тука.

И веројатно ќе забележите дека во неа нема ниту еден универзитет од Македонија, Србија, Албанија или Бугарија.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail