1-1024x576.jpg

Ако сте расположени за малку поинаква забава што ќе ве оттргне од скопските магли и преполните кафулиња ширум Македонија, тогаш ви препорачуваме да ги имате на ум овие дестинации, кои според експертите за патувања, се најмагичните градови за дочекот на Новата година. Некои од нив се подалеку, некои поблизу, но сите подеднакво вредни за да се додадат на листата за посета!

1. Париз

1

Начинот на кој Париз е украсен за време на новогодишните и божиќните празници, како и топлината со која зрачи, ви овозможува чувство како да сте дома, дури и ако се наоѓате во еден од најубавите градови во светот!
1″>

2. Шангај

2

За време на дочекот на Новата година, овој град се претвора во една голема журка под отворено небо, а точно на полноќ, ќе ве воодушеви со прекрасен огномет.

3. Каиро

3

Иако Каиро е неверојатен за дочекот на Новата година, ако случајно се најдете таму за време на овој период, никако не смеете да го пропуштите пловењето по реката Нил и излетот покрај неа.

4. Тоскана

4

Ако удобноста ви е поважна од сè останато, тогаш прекрасната Тоскана е вашиот најдобар избор. Автентични вили, стари винарници, вкусни оброци… зарем е потребно нешто повеќе за совршен почеток на новата година?

5. Мајами

Fireworks over Miami, Florida

Сакате добра журка и незаборавен помин? Во тој случај, најдобриот избор е Мајами, дури и покрај тоа што е многу оддалечен од Македонија. Со рано планирање, вие можете да уживате во тематските журки што никогаш нема да можете да ги заборавите. Па, почнете уште од сега да штедите за следната година…

6. Санкт Петербург

6

Санкт Петербург е незаборавна зимска бајка. Атмосферата, осветлувањата, дебелите капути и снегот се само дел од највпечатливите нешта што се чувствуваат и забележуваат на улиците на овој град. Вие ќе уживате во културата, архитектурата и неверојатните локации!

7. Исланд

Снег, осветлување, огномет… во комбинација со бескрајните пејзажи ќе ви се создаде магична атмосфера што ќе ви го стопи срцето за само една секунда.

А ако сакате да се задржите само на Европа, тогаш погледнете ги најдобрите 5 европски дестинации за дочек на Новата година!

извор:кафепауза.мк

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail