Најдобрите цитати за животот од Николај Василевич Гогољ

kgn-img-501248.jpg

woman reading a book and holding a mug of hot beverage

Рускиот писател Николај Василевич Гогољ го сметаат за татко на руската реалистична проза. Со романот „Тарас Буљба“, понесен од етичките доблести и борбата на козачките предци против турските и полските освојувачи, искажал восхит за нивната неспоредлива храброст, лојалност кон Русија и православието, како и жед за слобода.

Во комедиите „Ревизор“ и „Женидба“ ја оживеал сликата на Русија во тоа време, истакнувајќи ликови како кариеристи, ситни крадци, насилници и пијаници. Неговите јунаци станале образец на мрзливоста, глупавоста, себичноста и корупцијата. Николај Черншевски со право го смета за основач на сатиричното или поточно кажано, критичкиот правец на рускиот реализам.

Гогољ е роден на 31 март 1809 година, а починал на денешен ден, на 4 март 1852 година. Негови позначајни дела, освен претходно споменатите, се „Мртви души“, „Миргород“, „Арабески“ и други. Заедно со Лав Николаевич Толстој се најголемите руски реалисти.

Одбравме неколку книжевни цитати од делата на Гогољ:

1. „Напредни луѓе може да се наречат само оние кои го гледаат тоа што може да се види и потпирајќи се на сето, гледаат се она што останатите не го гледаат“.

2. „Држава без вреден монарх е исто што и оркестар без диригент“.

3. „Младоста е среќна, бидејќи за неа постои иднина“.

4. „…не е моја работа да држам проповеди. Уметноста и така е проповед. Моја работа е да зборувам со живи слики, не со аргументи. Морам да го прикажам животот, а не да расправам за животот“.

5. „До едноставноста треба да пораснеш“.

6. „Се тепаше со мажот си само наутро, бидејќи само во тоа време и го гледаше понекогаш“.

7. „Сега секоја штотуку изведена гасеница мисли дека е аристократ“.

8. „Александар Македонски е херој, но зошто да се кршат столчиња?“

9. „На сиот свет му е познато дека кога Англија шмрка тутун, Франција кива“.

Цитат од неговиот гроб:

10. „Ќе се смеам со горчлива смеа“.

извор: Кајгана

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail