Најдобрите десет универзитети по политички науки

oksford.jpg

Доколку сте заинтересирани за меѓународни студии, кокретно за политички науки и се прашувате каде би било најдобро да се запишете, ви ги претставуваме најдобрите универзитети во светот

Универзитетот Харвард

Овој престижен универзитет веќе подолго време се наоѓа на првото место на листата на најдобри универзитети по општествени науки во светот

Лондонската Школа за Економија и Политички науки

E739TJ London, England, UK. London School of Economics and Political Science / LSE. ‘Old Building’ in Houghton Street

Овој универзитет што се однесува до политичките науки постигнува се подобри резултати

Универзитет Јејл

Јејл универзитетот е рангиран помеѓу најдобрите во САД. Се наоѓа во Њу Хевн, Конектикат и има околу 11250 студенти. На овој Универзитет студентите стекнуваат големи познавања од областа на правото, англиски јазик, книжевност, историја, медецина, а особено од политички науки.

Универзитет Оксфорд

Овој Универзитет е сепак пред неговиот најголем ривал – Кембриџ. Вработените во овој Универзитет имаат висока репутација и академското образование е особено квалитетно.

Универзитет Принстон

Овој универзитет се наоѓа во Принстон, Њу Џерси и е еден од највисоко рангираните унивезитети во САД. Основан е во 1746 и има околу 7600 студенти. Ова е и еден од најпрестижните универзитеи што се однесува до политичките науки, а доста добри резултати постигнува и во областа на филозофија, историја, социјологија и модерните науки.

Универзитетот нуди додипломски и напредни студии во разни академски оддели. Принстон универзитетот нуди многу студентски услуги како помош во школарината и сместувањето, лично и академско советување. Додипломскиот однос на студент-професор е околу 5:1.

Австралискиот национален универзитет

На овој универзитет политичките науки и меѓународни студии му се особено јака страна. Исто времено доста добро стои и во областа на историја, географија, лингвистика и филозофија.

Универзитетот Кембриџ

Кембриџ е државен истражувачки универзитет сместен во Кембриџ,Обединето Кралство. Тој е втор најстар универзитет како во Англија така и во англиското говорно подрачје во светот и седми најстар универзитет глобално. Овој универзитет особено големи резултати покажува во областа на математика, лингвистика и историја, сепак и политикологијата и меѓународните односи му се особено јака страна.

Универзитетот Колумбија

Најголеми резултати овој универзитет постигнува во областа на студиите по комуникација и медиуми.
Универзитетот во Токио Иако Јапонците својата надмоќ ја покажуваат во областа на технологијата, сепак тие резултати постигнуваат и во општествените науки. Доказ за тоа е и Универзитетот во Токио кој дефинитиво се наоѓа во најдобрите десет во светот.

Националниот универзитет во Сингапур и Универзитетот во Калифорнија

Националниот универзитет во Сингапур и Универзитетот во Калифорнија бележат особено голем напредок во областа на политичките науки и заедно го делата високото десето место на најдобри универзитети во светот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail