Најдобрите едукативни апликации во 2016 година

aplikacije.jpg

Новинарите и новинарките од „О радијо“ направија избор на најдобрите „ios aplikacii“ за учење и развој на креативноста низ игра.

Duolingo

Многумина веќе знаат за оваа апликација со која на многу забавен начин можете да научите некој странски јазик. Како на пример англиски, руски, германски и многу други. Можете да го научите и глобалниот јазик „есперанто“ доколку тоа го сакате. Најдобро од се е тоа што апликацијата е бесплатна!

Codea

Со помош на оваа апликација можете да правите игри и симулации и било какви други визуелни идеи доколку ги имате. „Codea“ е така дизајнирана што може да го промените својот код. Сакате да го промените својот број?.Треба само да го кликнете.

Bitsboard

Со апликацијата „bitsboard“ лесно можете да направите свој сет за учење или да симнете туѓ кој го имаат направено професорите и другите ученици. Тука се и игрите, картичките за учење, читање, спелување и многу други нешта.

Knowji

„Knowj“ е место  каде забавните цртани ликови внесуваат живот и зборови. Тоа е една од најдобрите апликации за развивање на вокабуларот. Има картички за повторување, така зборовите многу лесно ќе ги запаметите.

Simple Machines

Истражете ја забавната страна на физиката. Експериментирајте со шест едноставни машини, открите како тие работат и истражете ги невидливите сили кои влијаат врз нив. Можете да ја уништите светлината, испратите сателит во вселената и уште многу други нешта.

Loopimal

„Loopimal“ е всушност опрема за анимација и звуци. Можноста за креирање на композиции се бескрајни. Со иновативни забавни проекти можете да направите секвенци и за различни животни. Содржината е на мелодиски и ритмички основи.

MoMA Art Lab

Бидете креативни и користете ја „MoMA Art Lab“ апликацијата за да направите звучни композиции, песни и одредени облици на групни цртежи и се друго и тоа се можете да го сочувате и потоа да го споделите на мрежата.

Истражете како уметниците ги користат линиите, облиците и боиите и каде пронаоѓаат инспирација и кој им е начинот на работа.

NOVA Elements

Дали некогаш сте се запрашале зошто природниот ситем на елементи изгледа така како што изгледа, штоа е тоа што на секој елемент му дава единствена комбинација на карактеристики и како се комбинираат елементите за да се создадат секојдневните предмети. Со апликацијата „NOVA Elements“ истражете го интерактивниот периоден ситем на елементи.

Color Uncovered

Која боја е шепотењето, зошто е толку тешко да се пронајде автомобил на паркинг кој е осветлен со жолто светло? Истражете ја изненадувачката страна на боите со апликацијата „Color Uncovered“, интерактивна книга која содржи фасцинантни илузии и видео снимки.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail