Најдобрите професии за интровертите и оние кои сакаат да работат самостојно

Najdobrite-profesii-za-introvertni-lugje-i-onie-koi-sakaat-da-rabotat-samostojno-01.jpg

Интровертните луѓе имаат уникатна сила и способности. Овие луѓе преферираат повеќе самостојна, отколку тимска работа.

Интровертите црпат енергија на себеси својствен начин кога се сами со своите мисли. Повеќе слушаат отколку што зборуваат и кога веќе мора да зборуваат сакаат тоа да го прават само со еден човек, наместо со повеќе луѓе истовремено.

Внимаат на детали, резервирани се во искажување на чувства и ставови и потребен им е личен простор, како во животот, така и во работата.

Ретко кога први иницираат запознавања, па во друштвено-социјални ситуации секогаш чекаат некој друг прв да им пријде. Смирени се и долго размислуваат пред да проговорат што било или пред да преземат акција.

Интровертите имаат одлични темелни познавања на неколку одредени теми и преферираат да работат сами или најмногу со уште едно лице.

Ова значи дека професиите од типот на професор во училиште или менаџер за односи со јавноста се прилично кошмарен избор за интровертите.

Според Лоренс Шаткин кој ја напишал книгата „200 најдобри професии за интровертите“, овој тип на луѓе може да се издиференцира во следниве неколку категории:

– Реалистични интроверти

– Истражувачки настроени

– Уметнички

– Општествени

– Претприемачки

– Конвенционални

Согласно оваа поделба многу полесно е да се определи која работна позиција најмногу би му одговарала на интровертниот карактер.

Ова е листата на професии кои се најидеални за интровертните луѓе:

Професионален возач на камион

Уметник, фотограф, писател, блогер

Радио диџеј, монтажер,

Програмер, графички дизајнер,

Хигиеничар – ноќна смена

Чувар во ноќна смена

Работник во лабораторија или истражувач

Столар, водоводџија, професионален градинар

Геолог, патолог, инженер, статистичар

Сметководител, брокер на берза, книговодител.

 
Се согласувате ли со изборот?

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail