Најевтините земји за живот – кое место и припаѓа на Македонија?

najevtinite-zemji-za-zhivot-koe-mesto-i-pripadna-na-makedonija-m.jpg

Американскиот магазин „Time“ објави листа на најевтини земји за живот. На оваа листа Македонија се најде на 10 место.

Како што е објаснето, парамтертите за составување на листата ги рангира земјите врз основа на четири достапни мерки објавени од „Numbeo“, онлајн база на податоци за цените: индексот на куповната моќ, цената на закупот на недвижнини, цената на продуктите и индексот на потрошувачката цена. Споредувањата во резултатите се направени со стандардот на живот и цените во Њујорк.

На оваа листа Македонија се најде на 10 место. Локалната куповна моќ е за 49.7% пониска, киријата е 94% поевтина, продуктите се за 73.3% поевтини, а локалните добра и услуги се 68.6% поветини. Што се однесува до регионот, Босна и Херцеговина се на 11 место, Србија на 18 место, Словенија на 36 место, Црна Гора на 26 место и Хрватска на 47 место.

Интересно е тоа што Словенија има повисока куповна моќ од сите 50 земји на листата, а во однос на Њујорк е пониска за 13%. Првите 10 земји на листата нанајевтините земјиза живот се Јужна Африка, Индија, Косово, Саудиска Арабија, Казахстан, Замбија, Оман, Парагвај, Чешка и Македонија.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail