Најголем интерес за ФМН, документи во првиот уписен рок ќе се примаат до петок

fbe5093c383685a2c635f66e6581a2d1_XL.jpg

Задоволителен интерес за запишување во првиот уписен рок бележи Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, по првите два дена од Првиот уписен рок. Интересот се движи во рамките на очекувањата, а за да се излезе во пресрет на потребите на кандидатите, документи ќе се примаат и по рокот, односно до петок, 18 август:

Според првичните информации, повеќе од две илјади средношколци ги немаат земено своите документи во некои општини, во некои средни училишта, така да Универзитетот ќе биде отворен и во следните денови за прием на документи, можат да контактираат со сите комисии на факултетите. Универзитетот ќе има своја комисија постојано овде во стариот ректорат, како и во Наставните центри. Уписите продолжуваат и утре, и во четврток и петок. Сега засега борбата за влегување во државна квота е најголема на Факултетот за медицински науки и тука конкуренцијата е некако најсилна. Досега имаме повеќе од 700 кандидати, очекуваме првиот уписен рок да го завршиме со околу 1500 кандидати, а до крајот на уписите, со вториот и третиот уписен рок да стигнеме некаде до 2300-2500 нови студенти. Има интерес и од странски студенти, но кај нив постапката е поинаква, прво документите ги поднесуваат во Министерството за образование и наука, во контакт сме со десетици кандидати од Турција, Србија, Бугарија, а има и кандидати со македонско државјанство кои средно образование завршиле во Словенија кои исто така се заинтересирани за УГД – изјави проректорот за настава на УГД, проф. д-р Кирил Барбареев.

Слободни места има на сите факултети, само на Факултетот за медицински науки е помината бројката на пријавени за државната квота, веројатно заради специфичноста и атрактивноста на професијата. Кандидатите кои ќе задоцнат со своите документи немаат потреба за грижа, бидејќи документите ќе им бидат примени.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail