Најголем недостиг на вода во историјата на оваа држава: “Секоја година умираат по 200.000 луѓе”

indijaaaaaaaaaa.jpg

Индија се наоѓа во најголема криза со недостиг на вода во историјата и околу 600 милиони луѓе би можеле да останат без вода”, изјавиле службениците на владината организација за развој “NITI Aayog”.

“Мораме да преземеме итни мерки”

Предупредиле дека секоја година 200.000 луѓе умираат бидејќи немаат пристап до чиста вода и дека ситуацијата ќе стане уште полоша: “До 2030. година побарувачката за вода ќе биде двојно поголема од достапните резерви. Тоа ќе предизвика недостиг на вода за стотина милиони луѓе”, стои во извештајот на “NITI Aayog”.

“Мора веднаш да ја разбереме нашата потрошувачка на вода и да преземеме мерки за да ја направиме потрошувачката поефективна и поодржлива”, предупредуваат властите. Очекуваната стапка на недостиг на вода ќе доведе до загуба од 6 проценти во индиското БДП.

До недостиг на вода во индиските градови често доаѓа во лето, поради недостиг на инфраструктура за носење на вода до куќите. Долгите редови во кои луѓето чекаат вода од владините цистерни или јавните бунари веќе се вообичаена појава во сиромашните делови на државата.

Во време кога нема доволно дожд, се зголемува потрошувачката на вода на фармите и останува малку за пиење, наведува “NITI Aayog”. Во 80 проценти од државата постојат закони за работење со вода и одржување на ресурсите, но поради лошото управување и ниските цени на водата, не дошло до значителен напредок.

“Информациите кои ги имаме често се непотврдени поради употребата на застарената технологија и методите за собирање на податоци”, стои во извештајот. “На пример, податоците за подземните води се темелини на примероците од 55.000 извори од вкупно 12 милиони извори во државата”.

“Политиките на некои сојузни држави, кои на фармерите им давале бесплатна струја или финансирале извори а вода, довеле до неконтролирано искористување и загуба на вода”, рекол за “CNN” директорот на одделот за управување со вода од Центарот за наука и околина.

“Водата нема вредност во Индија. Многу е евтина. Луѓето мислат дека е бесплатна”, рекол Самрат Басак, директор за управување со вода од Светскиот институт за ресурси.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail