Најголема вработеност во ЕУ досега

eu.jpg

Во третото тромесечие минатата година во земјите од ЕУ биле вработени 72,3 отсто од населението, што е највисока стапка на вработеност регистрирана досега, соопшти Европската комисија.

Стапката на вработеност на населението на возраст од 20 до 64 години постојано се зголемувала во изминатите три години.

Минатата година во однос на 2016 година стапката е зголемена за 1,7 отсто, односно за четири милиони жители, од кои 2,7 милиони луѓе во еврозоната, покажуваат податоците на Кварталниот извештај за вработеност и социјален развој во Европа.

– Со поддршка на силниот економски раст, вработеноста во ЕУ во третиот квартал од 2017 година продолжи да се зголемува повеќе од очекуваното, додека невработеноста е намалена, се наведува во извештајот на ЕК.

Еврокомесарката за вработување и социјални прашања Маријан Тисен изјави дека треба да се искористи тој позитивен економски налет и да им се овозможат на граѓаните добри услови за работа, подеднаков пристап на пазарот на труд и пристојна социјална заштита.

– Растот се врати во Европа. Вработеноста во ЕУ достигна највисоко ниво досега, со над 236 милиони вработени луѓе. А невработеноста постојано се намалува, истакна Тисен.

Во извештајот на ЕК се напоменува дека остануваат големи разлики меѓу земјите членки – од 58 отсто вработени во Грција до 82 процента во Шведска.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top