Најголемата грешка во историјата на науката

s2.jpg

Најлоша грешка во историјата на науката несомнено е класификацијата на луѓе во различни раси, смета Дарен Сурно, директор на Универзитетот во Нов Јужен Велс (UNSW) Австралија.

Помеѓу масивните грешки, како што се пронаоѓањето на нуклеарното оружје, фосилните горива и оловниот бензин, теоријата за поделба на расите се истакнува над сите, и предизвикала најголема беда која се користела за оправдување на варварските акти на колонијализмот и ропството, а денес се’ уште се користи за да се објасни социјалната нееднаквост, објаснува Сурно.

Концептот на човечката раса е дело на антрополози, како што е Јохан Фридрих Блуменбах уште во XVIII век, во обидот да се категоризира новата група на луѓе што го исполнува проширувањето на Европскиот колонијализам.

Од самиот почеток, категоризацијата на расите е широко прифатена. Во најголем период, расата била оправдуваната врз основа на културолошки и јазични разлики помеѓу групи на луѓе, а не биолошки фактори. Во дваесеттиот век, антрополозите започнуваат да пишуваат за расата како биолошко објаснување за разликите во психологијата, како и интелигенцијата, едукациските и социоекономските разлики помеѓу луѓето.

Сепак, отсекогаш било распространето верувањето дека расните категории во пракса се многу тешко применливи. Доколку концептот за раса резонира се’ уште јавно и политички, што научниците мислат на расата?

Новото истражување вклучило повеќе од 3.000 антрополози. Џенифер Вагнер и нејзиниот тим, неодамна ги објавиле резултатите од истражувањето во весникот „American Journal of Physical Anthropology“, во кој нудат вреден увид во ставовите и верувањата на антрополозите.

Анкетираните лица биле членови на Американското здружение на антрополози, најголемото стручно тело на антрополозите во светот.

На прашањето дали “расните категории се одредени преку биологијата“, 88% од испитаниците избрале дека силно не се сложуваат, или едноставно не се сложуваат, а и за тоа дали “повеќето антрополози веруваат дека луѓето може да бидат поделени во биолошки раси“, 85% од испитаниците изразиле силно неслаганје, односно не се сложуваат.

Постои јасен консензус помеѓу антрополозите дека расите не се реални, не ја одразуваат биолошката реалност, и дека повеќето од нив не веруваат дека постои место за категорија на раси во науката. Сурно тврди дека во истражувањето се пронајдени загрижувачки резултати на антрополозите од привилегираните групи (бели мажи и жени), за кои е поверојатно дека ќе ги прифатат расите од непривилеираните групи.

Овие привилегирани групи претставуваат 75% од испитаниците. Тие се главни луѓе кои ја одредуваат целта на истражувањето, забележува Сурно. Како и сите останати, антрополозите се несвесно пристрасни, особено под влијание на социјалниот статус и културата во обликувањето на верувањата за прашањата како што се расите.
Иронично, антрополозите треба да работат кон оспорување на длабоко одржуваните и културно вградените ставови, како и да им дадат можност за учество на научниците од непривилегираните групи од минатото. Отфрлањето на концептот на раси од група научници, чија дисциплина го има и произведено системот на расна класификација, создава многу моќна изјава, заклучува Сурно.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top