Започна новата академска година,  а студентите започнаа со предавања. Иако вообичаено се вели дека студнетскиот период е најдобар, сепак и тие се соочуват со некои проблеми и фрустрации.

Еве некои од нив:

Кога некој во мензата ќе го земе последнето пилешко или колаче кое ти го сакаш

Кога некој ќе се „прогура“ во ред со цел само да „праша нешто“

Кога ќе ја испринташ семеинасрката и еден наслов ќе остане на крајот од страницата

Кога вработена на студентски прашања ќе ви каже: „Ви фали уште еден примерок од договорот, вратите се подоцна“.

Кога колешката ќе стане офлајн во моментот кога ќе за замолиш да ти го земе индексот за упис

Кога ќе го положиш испитот од осми пат и професорот ќе ти даде 9ка.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail