Најголемиот оптички телескоп е веќе во изградба

Започната е изградбата на првиот оптички телескоп, кој би можел да обезбеди важен придонес во потрагата по вонземјани. ЕЛТ (Extremely Large Telescope) ќе биде најголемиот оптички телескоп во светот, кој тежи 5.000 тони, пет пати поголем од сегашните најголеми инструменти за набљудување.

Само главното огледало ќе биде со широчина од 39 метри и ќе биде сместено во огромна ротирачка купола со дијаметар од 85 метри, што е споредливо со фудбалски терен.

Супертелескопот ќе биде сместен на 3000 метри надморска височина во средината на пустината Атакама, Чиле, а се очекува дека ќе биде функционален во 2024та година.

Сушата во Атакама овозможува идеални услови за набљудување од Земјата, и до 2020та година се очекува околу 70% од светските астрономски инфраструктури да дојдат во оваа област.

Од ЕЛТ се очекува да не доведе со сознанија кои за нас се незамисливи, истакнува директорот на ЕСО Тим Де Зеув.

извор: enauka.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail