Најголемиот планетариум на светот се отвора во Санкт Петербург

planetraium.jpg

Руската престолнина на културата сега е службено дом на најголемиот планетариум на светот, чија купола е 37 метри во дијаметар, што е два метри повеќе од претходниот рекорд што го држеше планетариумот во јапонскиот град Нагоја, пишува mk.rbth.com.

Освен што можат да го гледаат ѕвезденото небо, посетителите ќе можат да поминат и низ музејот на вселенски експонати и во интерактивната сала опремена со модерна технологија во вид на виртуелна реалност и да доживеат едно сосем поинакво искуство. Постојат и работилници и опсерваториуми, а неколку таблети со екрани на допир им овозможуваат на посетители да ја ротираат куполата на планетариумот.

Сместен е на брегот на каналот Обводни во некогашен резервоар за гас изграден пред повеќе од 150 години, а кој служел за складирање на гасот што се користел за осветлување на улиците.

Извор: Руска реч

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail