Најголемо откритие на научниците откако го истражуваат Марс

mars.jpg

Научниците на Марс пронашле течна вода, односно езеро кое се наоѓа под јужната поларна ледена капа на Црвената планета, е неговиот дијаметар изнесува 20 километри.

Научниците повеќе од четири децении трагаат по течна вода на Марс, бидејќи со неа можеби би можеле да откријат и живи организми. Досега биле пронајдени само некои нејзини трагови од минатото и некои трагови помешани со песок.

Водата била откриена со помош на уредот “Mars Advanced Radar for Subsurface and Ionosphere Sounding”, попознат како “Марсис”, на леталото “Марс Експрес” на Европската агенција за истражување на вселената.

Од мај 2012. година, до декември 2015. година, “Марсис” правел истражувања на јужниот пол на Марс. Радарот праќал пулсови низ површината на поларните ледени капи и мерел како радио брановите се одбиваат назад до “Марс Експрес”.

Со тоа е создадена мапа на која се забележани драстични промени во патувањето на сигналите на околу километар и пол по површината.

Подрачјето се протега околу 20 километри во должина и потсетува на езерата кои може да се пронајдат под Гренланд и Антарктикот на Земјата.

“Ова го гледаме како резервоар на течна вода на Марс”, истакнале авторите на истражувањето, објаснувајќи дека ги исклучиле другите потенцијални причини кои би можеле да ги објаснат наодите.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail