Најголемото вештачко Сонце блесна во Германија

artificial-sun-e1490290330859.jpg

Германските научници се надеваат да најдат нови начини за генерирање еколошки горива. Во Германскиот вселенски центар за соларни истражувања креираа систем наречен Synlight, кој го опишуваат како најголемото вештачко сонце на планетата. Synlight е составен од 149 огромни рефлектори кои емитуваат светлина со интензитет 10.000 поголем од сончевата радијација кон Земјата.

Рефлекторите на Synlight се слични на тие што се користат кај кино-проекторите. Според Центарот, тие креираат радијација од 380 киловат-часови и двапати по 240 киловат-часови во други две комоври. Светлината што ја креираат научниците се надеваат да ја искористат за да истражат како на најдобар начин може максимално да се искористи природната сончева радијација на Земјата.

Експериментот воопшто не е евтин – Synlight троши исто толку струја за четири часа колку четиричлено семејство за цела година. Фокусот на истражувачите на Synlight е ставен на соларни горива. Научниците ќе работат на нови начини за креирање водород, кој во природата го нема и мора да се креира со разложување на водата.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail