Најкраткиот тест за интелигенција !

iqtest-en.jpg

Овој когнитивен тест составен од само 3 прашања е прогласен за најкраток ефикасен тест кој ќе ја провери вашата интелигенција. Од него јасно се гледа како еден наједноставен проблем, може да има многу покомплицирано решение отколку што ни се чини на прв поглед.

Решете го тестот во продолжение со одговарање на само 3 прашања и дознајте колку сте интелигентни:

Прашање бр.1:

Палка и топка чинат вкупно 1.10 фунти. Палката чини една фунта повеќе отколку топката. Колку чини топката?

Прашање бр.2:

Потребни се 5 минути за 5 машини да направат 5 беџеви. Колку време е потребно за 100 машини да направат 100 беџеви?

Прашање бр. 3:

Дел од површината на едно езеро е прекриено за лотосови цветови. Секој ден таа површина двојно се зголемува. Ако се потребни 48 дена за да покрие целото езеро, колку дена се потребни да се прекрие половина од езерото?

Решенијата кои луѓето најчесто ги нудат како одговори се:

  1. 10 пени (0,10 фунти)
  2. 100 минути
  3. 24 дена

СИТЕ 3 СЕ ПОГРЕШНИ!

 

 

Точните решенија се:

  1. Топката чини 0,05 фунти. Ако цената на топката е Х, а палката чини една фунта повеќе тогаш:

Палка + топка = Х + (Х+1)=1,1

2Х + 1 = 1,1

2Х=0,01

Х=0,05

  1. 5 машини можат на направат 5 беџеви за 5 минути. Значи дека една прави 1 беџ за 5 минути. 100 машини ќе направат 100 беџеви за 5 минути.
  2. Ако површината секој ден двојно се зголемува, значи дека половина од езерото ќе биде прекриена на 47 ден.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail