usb.jpg

Компаниите секоја година се натпреваруваат кои можат да “спакуваат” повеќе меморија во колку што е можно помал простор. Овогодишниот победник е SanDisk, кој воведе минијатурен USB флеш драјв кој складира 1TB меморија!

Минатата година Кингстон успеа да направи нешто уште подобро и воведе 2 терабајти на нешто поголема површина од просечниот USB диск.

SanDisk го направи тоа на многу помал флеш, само малку поголем од монета, плус тоа е најновата USB-C технологија, што значи дека може да биде директно вметната во Android телефонот.

Иако беше претставен само прототип, а потенцијалната цена и датумот на отпочнување на пазарот сé уште не се објавени, се претпоставува дека ќе чини околу 500 долари.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail