misterii.jpg

Иако за нив се знае, на светот постојат неколку места на кои што речиси никој не смее да им пристапи, особено „обичните смртници“. Во таа категорија во целост спаѓаат тајните историски простории, елитните клубови, и далечните локации кои се изолирани и речиси е невозможно да се стигне до нив. Во некои од нив веројатно никогаш нема да можете ниту пак смеете да ѕирнете.

Големиот храм на Иса

Големиот храм на Иса е комплекс кој што е составен од сто храмови посветени на божицата на сонцето Аматереса кои јапонците го имаат за најсветото место во земјата. Постои од четвртиот век пред Христот, а можат да му пристапат само врховните свештеници кои мора да бидат припадници на јапонското кралско семејство.

Во неговиот главен храм веројатно се чува огледалото на Наику, најважниот артефакт од јапонската историја. За него се верува дека на сопственикот му носи посебна моќ. Интересно е да се истакне дека овие храмови се рушат и повторно се градат на секои 20-ет години, со што се величи шинтоистичката идеја за смртта и повторното раѓање.

„Whites Gentlemen’s Club“

Едно од најелитните места на светот е лондонскиот клуб кој е основан во 1639-та година, а за да му пристапите, мора да ве повикаат барем три негови членови. Исто така, доколку сте жена, тогаш на влегувањето внатре можете да заборавите веднаш.

„White Gentlemen’s Club“ најмногу е познат по книгата за обложување која се чува внатре во него, а станува збор за необични и бизарни обложувања меѓу кои се наоѓа и онаа во износ од три илјади фунти вложени на капка дожд, кога играчите се обложиле која капка најбрзо ќе падне од прозорот.

„Bohemia Grove“

„Bohemian Grove“ е шума која се наоѓа во Бохемиската авенија во калифорнискиот Монте Риј, за која се смета дека од 1899-та година е место во кое на секои две недели се собираат највлијателните луѓе на светот. Просторот е во приватна сопственост и му припаѓа на Бохемскиот клуб, а служи за одмор на познатите уметници, сопственици на компании, политичари и други моќни луѓе.

Јавноста не беше толку многу запозната со делувањето на овој клуб, сè до 2005-та година кога американскиот новинар Алекс Џонс, во својот документарец „The order of Death“ ги откри тајните на овие собирања. Која е главната цел на тие собирања, не е познато, но факт е дека таму се имаат собирано Џорџ Буш, Бил Клинтон, Роналд Реган, Џими Картер, Џералд Форд, Ричард Никсон и многу други.

Клуб 33

Дизниленд Клуб 33, со скратено име Клуб 33, е место основано за највлијателните луѓе на светот, меѓу кои се бројни славни личности и политичари. Името го добил по 33-те најсилни светски членови на друштва кои биле единствени што можат да му пристапат. За денес да можете да влезете во овој елитен клуб, морате да платите дури 30 илјади долари за да чекате да бидете примени внатре околу петнаесет години.

„Mount Weather Emergency Operations Centar“

Изградено во 1950-та година за време на Студената војна, MWEO е место, на кое што во случај на катастрофа, внатре ќе се скрие американскиот претседател и неговите помошници. Ова е едно од најсигурните места на светот, познато и како „место на последната надеж“, за него многу малце се знае, а речиси никој не може да му пристапи.

„Fort Knox“

Тврдина сместена во Кентаки, е местото каде што се наоѓаат американските складишта за резерви на злато. Според американските податоци, изградбата на Fort Knox чинела околу 560 илјади долари.

Сепак ова место не го содржи целото американско злато, туку речиси половина, а сефот се состои од челични плочи превиени со бетон. Поради тоа не постои шанса да биде украден затоа што целата зграда е маскимално заштитена со најцврстите материјали, како и тајни кодови и лозинки кои се чуваат во најстроги тајности.

Ватиканскиот таен архив

Ватиканскиот таен архив, во должина од 84 километри е место кое содржи милиони документи, меѓу кои има и стари повеќе од 1200 години. На ова место можат да му пристапат само папата и највисоките црковни достоинственици.

Метро 2

Метро 2 е тајно подземно метро кое е изградено за време на Сталиновото владеење за цел- транспорт на тајните служби, а се наоѓа 200 метри под улицата Москва. Тој го спојува Кремљ со останатите важни точки на градот, а до тунелот по кој вози споменатото метро може да се дојде само со посебна дозвола на владата.

Местото каде што се чува рецептот за Кока-Кола

Рецептот за најпопуларниот пијалок на светот, најверојатно се чува во еден сеф во Атланта, а нему можат да му пристапат само избрани, за рецептот да не стигне до човечката рака која сака да го искористи на лош начин. Исто така постои верување, дека споменатиот сеф е само лага, и дека изворниот рецепт го знаат „на памет“ само неколку водечки луѓе од мултимилијардеските компании.

Извор: Toчка

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail