vesnici.jpg

Во Јапонија еден од најпознатите дневни весници измислил 100% одржлив весник. Ако го засадите, ќе добиете растение. Јапонија уште еднаш се покажа како навистина напредна држава. Последниот изум се состои од весник направен од рециклирана и хартија од зеленчук којашто можете да ја засадите откако ќе ја прочитате. Проектот е наречен „Зелен весник“ и е смислен од страна на издавачот на познатиот јапонски дневни весник – Mainichi Shimbunsha.

Весници коишто се претвораат во растенија се најновиот изум од Јапонија

Весникот што можете да го засадите и не е некоја новост. На пазарот се наоѓа неколку години и е мешавина од рециклирана хартија, вода и семе од мали цветови и тревки. Лесно можете да го направите и дома. Најдоброто е што можете да го рециклирате на навистина креативен начин. Штом ќе завршите со читање, немојте да го фрлате. Наместо тоа искинете го на мали парчиња и засадете го. Со редовно полевање со вода, за неколку недели ќе имате нови растенија и цветови во вашиот дом.

Весници коишто се претвораат во растенија се најновиот изум од Јапонија

Првичната идеја ѝ припаѓа на Dentsu Inc, една од најголемите агенции за рекламирање во Јапонија. Зелениот весник не е првата одржлива иницијатива од страна на јапонскиот дневен весник. Неговата посветеност на заштитата на околината е добро позната благодарение на претходна донација на вода за населението кое страда од жед. Весникот не презема акција само преку информации, тој решава глобални проблеми.

Весници коишто се претвораат во растенија се најновиот изум од Јапонија

Еколошкиот весник има голем успех. Секој ден кружат околу 4 милиони копии низ државата и се заработуваат околу 600.000 долари. Иницијативата исто така вклучува училишта со цел да се зголеми свеста на децата за проблемите со загадувањето на околината и да ја научат важноста на рециклирањето. Со цел да се намали емисијата на јаглероден диоксид генерирана од традиционалните системи за отстранување отпад, потребно е да ги рециклираме потрошните материјали, особено хартијата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail