Најновиот автомобил на Honda ќе покажува емоции

honda-neuv-300x200.jpg

Honda е подготвена на Саемот за потрошувачка електроника во Лас Вегас во 2017 година да покаже како изгледа кога автомобилите имаат емоции

Honda е подготвена на Саемот за потрошувачка електроника во Лас Вегас во 2017 година да покаже како изгледа кога автомобилите имаат емоции. Најновиот концепт-автомобил на Honda се вика NeuV и според Honda, станува збор за автоматизирано електрично возило.

Honda на NeuV му вградила вештачка интелигенција позната како „мотор за емоции“ која на автомобилите ќе им овозможи да реагираат на емоциите на сопственикот и на разговорите. На овој начин корисникот ќе може да воспостави емотивна врска со возилото.

Бидејќи е мало и лесно, NeuV е оптимизирано за возење во метрополи каде што има проблем со паркирањето и сообраќаен метеж. Иако возилата за градско возење не се многу популарни овој индустриски сегмент сака да се врати на голема врата со беспилотните возила.

На 5 јануари идната година, извршниот директор на Honda за истражување и развој, Јошијуки Мацумото, ќе има свое обраќање. Компанијата ќе ја најави и својата иницијатива за стартапи и глобални брендови со цел да креира попрофитабилно и попријатно искуство во однос на мобилноста.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail