Најновиот руски ловец Т-50 добива „нервен систем“ (ВИДЕО)

mkd-332505.jpg

„ФПИ, за првпат на воздухопловното шоу МАКС 2017, го демонстрираше дизајнот на напредниот авионски „нервен систем“ – систем за надгледување на структурата на авионот базиран врз принципите на функционирање на нервните системи на живите организми“, соопшти руската фондација.

ФПИ претстави макета на напредниот ловец ПАК ФА, направена од композитни материја.

Макетата е дизјанирана така за сите деформации од надворешен удар да се прикажуваат на екран, овоможувајќи им на експертите да го проценат оштетувањето, се вели во соопштението на ФПИ, а се додава и дека „нервниот систем“ ќе ја намали цената на чинење на одржувањето на авионот преку елиминирањето на потребата за редовни проверки.

Се очекува руските воздухопловно-вселенски сили да ги добијат првите Т50 авиони во 2019 година.

Т-50 е дизајниран од руската авионска компанија Сухој како дел од ПАК ФА, програмата за ловци од петтата генерација на руските воздухополвно-вселенски сили. тоа е повеќенаменски млазен стелт ловец со едно седиште и два мотори дизајниран за остварување надмоќ во воздухот и е опремен со напредни системи за летање и радари од најновата генерација. Првиот лет на авионот беше извршен во 2010 година.

 

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail