Најпознатите библиотеки во античко време

Secondhand-Bookshop-Noosaville-Book-image-640x457.png

Првите библиотеки кои настанеле пред повеќе од илјада години се состоеле од глинени плочки напишани со кинеско писмо.

Пристап до нив им бил дозволен само на угледните членови на општеството, додека до слободен пристап до информациите и литературата дошло дури во 18-тиот век.

Како најголема ризница на знаењето во античко време се смета Александриската библиотека, но покрај неа постојат уште неколку кои се издвојувале во тоа време.

Александриската библиотека

После смртта на Александар Велики, неговиот поранешен генерал Птоломеј I Сотер ја презел контролата над Египет. Тој бил и основач на Александриската библиотека, која со време станала најбогата ризница на знаење во светот. На врвот на својот развој имала повеќе од 500.000 папирусни свитоци. Инаку, библиотеката не била отворена за јавност, туку само за студенти и научници, а била уништувана повеќе пати.

Асурбанипаловата библиотека

Некогашниот владетел на Асирија, Асурбанипал ја основал најпозната библиотека во 7-от век п.н.е. Позната како Асурбанипалова библиотека, откриена е во рушевините седум метра под земја во 1850 година, во близина на старата престолнина Нинива. Имала повеќе од 22.000 глинени плочки, односно околу 20.000 книги, меѓу кои и познатиот „Еп за Гилгамеш“. Поголемиот дел од нив денеска се чува во Британскиот музеј во Лондон.

Пергамската библиотека

Остатоците на оваа библиотека, една од најважните библиотеки во античкиот свет, се наоѓаат во Пергам, на територијата на денешна Турција. Во времето на својата најголема благосостојба, во првиот век пред новата ера, содржела околу 200.000 свитоци (папируси), а се наоѓала покрај храмот посветен на божицата Атина. Се смета дека во својот состав имала четири простории, од кои најголемата служела за приеми и состаноци. Со неа се поврзува една легенда, според која Птоломејската династија ја прекинала испораката на папирус наменет за Пергам, за да го забави нејзиниот развој.

Библиотеките на Трајановиот форум

Во состав на Трајановиот форум, величествена градба е направена по наредба на царот Трајан, изградени се две библиотеки – една за дела на латински, а една за дела на грчки јазик. Според проценките во нив се наоѓале околу 20.000 свитоци.

Вила на папирусот

Таканаречената Вила на папирусот во Херкуланеум, позната по збирката на древни списи, е единствената преживеана од античка доба. После ерупцијата на Везув во 79-та година, останала затрупана под 30 метрарски слој од вулканаска пепел. Откриена е во 18-тиот век, а поголемиот дел од нејзината колекција допрва треба да се дешифрира.

Целзиусовата библиотека

Овој објект, еден од најимпресивните во Римското царство, бил изграден околу 125-тата година и во него биле чувани околу 12.000 свитоци. Според некои извори, објектот е уништен за време на катастрофалниот земјотрес што го погодил Ефес во 262-та, а според други, за време на инвазијата на Готите истата година.

Куќата на мудроста

Се смета дека Куќата на мудроста ја основал калифот Харун ел Рашид. Нејзиното седиште било во Багдад од 9-ти до 13-ти век и своевремено ја поседувала најголемата збирка на книги во светот. Целосно била уништена 1258 година за време на инвазијата на Монголите. Според легендите, реката Тигар со месеци била црна од мастилото од книгите што ги фрлале во неа.

Цариградската библиотека

Цариградската библиотека се смета за последната голема библиотека од античко време. Ја основал во средината на четвртиот век Флавиј Јулиј Констанциј познат како Констанциј II. Големи загуби претрпела поради негрижа и чести пожари, а била уништена во 1204 година за време на Четвртата крстоносна војна.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail