Најреална фејсбук измама досега: Отворете очи кога се логирате на вашиот профил

fejsbuk-1.jpg

Станува збор за тоа дека може да се логирате на еден друг сајт кој е речиси идентичен со фејсбук.

Сите кои имаат фејсбук профил може да бидат жртва на оваа нова измама. Имено, доколку при обидот да се логирате на оваа социјална мрежа добиете порака во која се констатира дека имате проблеми при логирање и дека треба да кликнете на копчето за тие автоматски да ве логираат. Немојте да наседнувате на ова и веднаш напуштете ја страната бидејќи некој се обидува да ви го хакне профилот.

Се работи за тоа дека некој ви подметнал линк од некоја друга страница која е 100% слична на фејсбук со цел таму да ги пишете вашите лични податоци и лозинка за логирање. Откако ќе го направите тоа, вешите приватни информации ќе му пристигнат на сопственикот на таа лажна страница, а вие ќе останете без фејсбук профил.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail