Најсилниот ласер на светот создаде молекуларна црна дупка

Со помош на ултрасонични пулсеви на х-зраци, научниците успеале да го претворат атомот во молекулата во електроагнетна црна дупка, иако за многу краток период.

Имено, настанатата црна дупка постоела само 30 фемтосекунди. Како што атомот погоден од рендгенски зрак не привлекува материја од околната гравитација, туку само електрони со помош на својот електричен набој, експлодирал моментално.

Во извештајот на Deutsches Elektronen-Synchrotrona (DESY) се наведува дека научниците користеле ласер со слободни електрони Linac Coherent Light Source (LCLS) со кој го таргетирале молекулот метил јодид(CH3I) со ултра силна рендгенска светлина.

Пулсевите биле со јачина до 1015 киловати на квадратен сантиметар, и исфрлиле 54 од 62 електрони од молекулата. Така е создадена молекула која има позитивен полнеж 54 пати поголем од елементарниот набој.

Се верува дека станува збор за најголем степен на јонизација некогаш постигнат со помош на светлина, вели ко-авторот Робин Сантра од DESY. Но, јонизацијата не се случила одеднаш.

“Пулсот на х-зраците најпрво собрал 5-6 електрони од атомот на јод”, објаснува Сантра. “Како резултат на силен позитивен набој значи дека тогаш атомот на јод ги собира електроните од метилните групи, како некои видови атомски црни дупки”.

Вака настаната сила која делува на електронот, е појака дури и од јачината на гравитационо привлекување на една типична црна јама со маса 10 пати поголема од Сонцето.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail