Најскапи градови за вработување и сместување

20170421205309.jpg

Најскап град во Европа ако се споредат трошоците за сместување и вработување на еден човек е Лондон.

Ова го покажуваат податоците на консултантската компанија Savills.

За сместување во Лондон годишно на еден вработен му требаат  61.329 евра, а за работно место 24.000 евра. Двете работи заедно чинат 85.329 евра.

На второ место е Париз со 60.580 евра трошок за сместување на годишно ниво и 11.598 за работно место, или 72.178 евра вкупно.

Трет град е  Милано во Италија  со вкупен трошок во износ од 48.844 евра, односно нешто помалку од  36.800 евра за домување и над 12.000 евра за работно место.

На листата на скапи градови се и Даблин, Амстердам, Москва, Брисел, Стокхолм, Мадрид, Франкфурт, Берлин и Варшава.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail