kgn-img-491507.jpg

Јапонката Кане Танака е најстарата личност во светот, на 2 јануари наполни 117 години и роденденот го прослави во старечки дом во Јапонија.

На нејзината роденденска забава во неделата присуствуваа пријатели и блиски роднини, а за најстарата жена во светот беше емитувана и репортажа на јапонска телевизија.

Танака изеде парче торта и низ насмевка коментираше:

„Навистина е вкусно, сакам уште“.

Танака е предвреме родена на 2 јануари 1903 година. Во 1922 година се омажила за Хидео Танака, заедно имале 4 биолошки деца и едно посвоено. Таа има 5 внуци и 8 правнуци.

Минатата година старицата беше прогласена за најстара жива личност според Гинисовата книга на рекорди. Нејзината возраст е симбол за јапонската долговечност, која заедно со нискиот пораст на населението ја зголемува загриженоста поради недостиг на работа сила и можност за иден економски раст на земјата.

Бројот на родени бебиња во Јапонија е паднат за 5,9 проценти.

извор: кајгана

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail