– Новиот Гинисов рекорд за највозрасен човек на светот од денеска му припаѓа на Јапонецот Читетсу Ватанабе од Нигата, кој има 112 години и 344 дена.

Јапонецот, инаку роден 1907 година, сака слатки и верува дека насмевката е лековита. Претходниот рекордер беше, исто така – Јапонец, Масазо Нонакас, кој почина минатиот месец. Највозрасна жена е Јапонката Кане Танака, која има 117 години. Прашан – во што е тајната на неговата долговечност, Ватанабе препорачува луѓето никогаш да не се лутат и секогаш да се насмеани.

Ватанабе завршил земјоделско училиште и потоа се преселил на Тајван, каде работел на плантажи за шеќер. Таму живеел 18 години. Се оженил со сопругата Мицу и имале пет деца.

По Втората светска војна, Ватанабе се вратил во Нигата. До пред десет години се занимавал со бонсаи, па и учествувал на изложби на минијатурни дрвја.

извор: опсервер

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail