Michov-670x377.jpg

Најновите археолошки истражувања на локалитетот „Плоча – Миќов град“, кај Заливот на коските и наколната населба, извршени ова лето, покажуваат дека објектите на локалитетот се постари од 6.000 години.

Истражувањата ги направија експерти од Центарот за истражување на предисторијата и Универзитетот од Берн, Швајцарија, во соработка со НУ. Завод и Музеј од Охрид.

– Во лабораторијата на Универзитетот од Берн беше извршена радио-карбонска анализа на 36 дендрохронолошки примероци од дрвени колци. Сосема изненадувачки е тоа што предисториските примероци датираат многу порано во историјата отколку што се претпоставуваше- информираат од нуркачкиот центар „Амфора“.

Додаваат дека на истражувачки простор од 40 метри квадратни има 3 временски рамки и тоа:1.200 п.н.е (со прецизност до 100 години), 1.800 п.н.е (со прецизност до 100 години)и 4.400 п.н.е (со прецизност до 30 години).

– Овие податоци се точни, без никаква сомнеж. Според изнесените резултати од оваа година, можеме да заклучиме дека најстарите делови од оваа населба се постари повеќе од 6.000 години – потенцираат од „Амфора“.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail