AnyD7-283253-viator-shutterstock-167994.jpg

Најубавата плажа во Грција наскоро би можела повторно да биде отворена за туристи.

По одронот на карпа минатиот септември, плажата Навагио на Закинтос беше затворена за туристи, но локалните власти се припремаат повторно да ја отворат ова лето, со бројни правила кои туристите ќе мора да ги почитуваат.

За да се обезбеди нивната сигурност, плажата ќе биде поделена во три зони. Во првата зона, посетителите ќе можат да се движат во секое време, втората зона ќе биде затворена непосредно по земјотрес или врнежи од дожд, додека третата зона ќе биде забранета за посети во секое време.

Кон крајот на март оваа година, грчките власти забранија посета на популарната плажа со брод, а таа забрана беше проширена и за пливање и пловидба околу Навагио. Тоа дополнително ги исплаши локалните жители бидејќи иако Закинтос е преполн со плажи, Навагио е нивниот најголем адут.

Во наредните неколку дена би требало да биде донесена конечната одлука за тоа како ќе изгледа посетата на оваа плажа, но се претпоставува дека ќе бидат поставени знаци на предупредување, додека неколку луѓе секогаш ќе ги надгледуваат движењата на туристите за истовремено да можат да уживаат во магијата на природата, но и да не ја загрозат својата безбедност.

извор: точка.мк

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail