Најубавите три книги за оваа пролет кои ќе ви ја вратат вербата во љубовта

Stranici-ispolneti-so-ljubov-za-lekuvanje-na-skrsenite-srca-01.jpg

Време е да го излекувате вашето скршено срце и сета насобрана меланхолија од тмурниот сив есенско-зимски период кој е зад нас.

На повидок е пролетта со сета своја раскошна убавина, а кога пријатното топло попладне ќе го надополните со страници исполнети со нежност и љубов, истите ќе имаат дејство како мелем на вашите рани.

Оваа пролет, одвојте време за следните 3 книги кои ќе ве разнежнат и ќе ви ја вратат вербата во љубовта:

Најубавите љубовни писма на сите времиња

Оваа збирка претставува колекција на најубавите љубовни писма кои великаните ги пишувале до своите сакани сопруги, љубовници, па дури и платонски неостварени љубови.

Тука може да го видите другото лице на Наполеон, нежното срце на Бетовен, копнежливата љубов на Волтер… сите писма се автентични и фактот што зборуваат за вистински чувства, а не фикција, е дополнителен мотив да ги прочитате писмата кои ќе ви го закрепнат срцето.

Stranici-ispolneti-so-ljubov-za-lekuvanje-na-skrsenite-srca-02.jpg

Ехо на љубовта – Хана Филдинг

Местото на случување е еден од најромантичните градови во светот – Венеција. Вениша е разочорана од љубовта и решава да сврти нова страница, па заминува во Италија. Таа е внимателна и не ги оддава своите чувства така лесно, сé додека мистериозниот Паоло не ја спаси од група маскирани напаѓачи за време на карневалот во Венеција.

Паоло има незгодна репутација кога станува збор за жените. Но, кога Вениша добива задача да работи на прекрасната куќа на Паоло во Тоскана, тие неминовно се зближуваат и започнува романсата на која многу луѓе сакаат да ѝ стават крај.

Дали двајцата љубовници ќе успеат да се изборат за својата љубов?

Stranici-ispolneti-so-ljubov-za-lekuvanje-na-skrsenite-srca-03.jpg

Сосед од пеколот – Р.Л. Метјусон

Хејли е интровертна и по малку срамежлива девојка која предава во средно училиште и го слави купувањето на својот прв дом. Но, нејзиниот мал свет исполнет со задоволство ќе пукне како меур од сапуница кога ќе се досели Џејсон, сосед од пеколот.

Вистинска спротивност на Хејли, тој е гласен, бучен, обожува забави и кршење прозорци со голф топчиња. Капаче на целата ситуација, Џејсон предава во истото училиште како и Хејли. Нејзиниот живот ќе се претвори со сладок пекол и војна со згодниот шармантен сосед.

Stranici-ispolneti-so-ljubov-za-lekuvanje-na-skrsenite-srca-04.jpg

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail