Највисоката елка во светот

133509073.jpg

Обземени од празничната атмосфера во Шри Ланка неодамна беше поставена божикна елка, која во моментов е највисока во светот, односно 73 метри.

Елката со челична жичана структура е поставена во главниот град Коломбо, а потоа е украсена со милион природни борови шишарки обоени во црвена, златна, зелена и сребрена боја со додавање на дури 600.000 ЛЕД сијалички. Врвот на елката е украсен со ѕвезда во висина од шест метри.

За изработката на оваа елка се потрошени 80.000 долари и се очекува дека ќе влезе во книгата на Гинисови рекорди, со оглед на тоа дека во моментов рекордот го има постевено божикното дрво во Кина што е за 18 метри пониско.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail