Најздравa намирница за која можеби не сте ни слушнале дека постои

kinoa.jpg

И покрај тоа што почнала да се одгледува уште пред три илјади години кај Андите, дури сега ги доживеа своите пет минути слава.

Бидејќи киноата се смета за еден од најздравите намирници на сите времиња, минатата 2013 година беше прогласена за меѓународна година на киноата.

Киноата е храна која се готви и се консумира како житарица. Сепак, таа не е житарка, туку повеќе е сродна со спанаќот, блитвата и цвекло. Семињата кои се јадат се готват како ориз и не содржат глутен.

Оваа намирница е особено здрава, бидејќи претставува единствен извор на протеини, потточно ги содржи сите девет есенцијални аминокиселини, па ја нарекуваат комплетен извор на белковини.

Постојат повеќе видови киноа бела, црвена и црна.

Експертите советуваат дека најдобро е да се исплакне пред подготовка, за да нема горчлив вкус.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail