„Накитот на Мадона“ од Ласло Блашковиќ објавен во едицијата „100 словенски романи“

nakit-na-madona.jpg

Издавачката куќа „Слово“ во едицијата „100 словенски романи“ го објави романот „Накитот на Мадона“ од Ласло Блашковиќ (Нови Сад, 1966) – српски романсиер, поет и раскажувач, еден од најзначајните понови српски писатели.

– Романот „Накитот на Мадона“ е слоевита приказна за недоразбирањата од (не)секојдневниот живот. Ова дело, како што има речено критиката, е длабоко вкоренето во модерната прозна традиција. Романот го врамува времето на паѓањето на Берлинскиот ѕид и настаните на Балканот потоа. Тоа се чини како чиста историска рамка, но во романот таа рамка е флуидна и уметнички подвижна. Она што е важно за овој роман е уметничката, поетска реализација, начинот на кој функионира една вистинска уметност, соопшти „Слово“.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail