Имено, јаткастите плодови го намалуваат ризикот од појава на срцеви болести за 30 отсто, од канцер за 15 отсто и ризикот од прерана смрт за 22 отсто.
Истата количина на јаткасти плодови (една полна шака) е поврзана со намален ризик од смрт предизвикана од респираторни болести, додека ризикот од дијабетес е намален за 40 отсто.
Ко-авторот на студијата Дагфин Он од колеџот Империјал во Лондон рекол: „Досега студиите беа фокусирани на влијанието кое јаткастите плодови го имаат на сериозни болести, како срцеви болести инфаркт, рак, но сега почнуваме да собираме податоци и за други болести.“
„Пронајдовме постојано намалување на ризикот во многу различни болести што укажува на тоа дека постои вистински основен однос помеѓу конзумирањето јаткасти плодови и различни здравствени исходи.“
Тимот од истражувачи ги анализирале објавените податоци од повеќе од 800.000 учесници ширум светот.
Во студијата се користеле лешници, ореви, како и кикирики. „Овие плодови имаат висок процент на влакна, магнезиум и полинезаситени масти – хранливи материи кои се погодни за намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести и го намалуваат нивото на холестерол“, додал професорот Он.
„Некои јаткасти плодови како лешниците и оревите се богати со антиоксиданси кои се борат со оксидативниот стрес и можат да го намалат ризикот од канцер.“