Наместо со математика, вежбајте го мозокот со вино

istrazhuvanjata-ni-pokazhuvaat-deka-crvenoto-vino-mozhe-da-bide-dobro-pri-sogoruvanjeto-kalori-www.kafepauza.mk_.jpg

Често слушаме дека вежбањето на сивата материја во мозокот е еднакво важно како и физичката активност па затоа се препорачува занимавање со енигматика, шах или некоја друга слична игра. Меѓутоа еден од најугледните научници од областа на неурологијата, доктор Гордон Шепард, смета дека истите резултати може да ги постигнеме со пиење вино.

Професорот од прочуениот американски универзитет Јејл вели дека процесот на дегустација на виното кој подразбира мирисање на чашата и бавно пиење со вкусување на сите ароми ангажира поголем процент од сивата материја отколку решавањето математички проблеми или слушање музика, пренесува Индепендент.

Тој тврди дека причината за тоа е истовременото користење на рецепторите за мирис и вкус во комбинација со активирање на  сложените мускули на јазикот.

“Вкусот не е во виното. Тој се создава во мозокот на личноста која го пие” – вели доктор Шепард

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail