Нано-вселенско летало на НАСА се приближува до брзината на светлината

20160416_stp006-640x359.jpg

Група научници, меѓу кои и Стивен Хокинг, во април 2016 најавија фантастичен нов проект за истражување на меѓуѕвездениот простор со помош на нано-летало на ласерски погон, со големина на поштенска марка, до најблското соседно соѕвездие Кентаур.

Вселенскиот брод „StarChip“, под услов да достигне 20 отсто од брзината на светлината, би можел да стигне до ова соѕвездие за само 20 години. Но, како би преживеала електрониката на толку мало и ранливо летало 20 години во вселенскиот вакуум?

Научниците од НАСА и од Корејскиот институт за наука и технологија велат дека проблем на проектот„Breakthrough Starshot“ на Хокинг претставува радијацијата.

Високо-енергетското зрачење во вселената,  како што негативно влијае на телата на астронаутите, може исто така да предизвика и сериозни оштетувања на слојот од силициум диоксид на чипот од нано-вселенското летало, што значи дека компонентите би престанале со работа многувреме пред да заврши 20-годишното патување.

Какво би било решението? Како што истакнуваат научниците, проблемот со радијцијата би можел да се избегне ако се избере вселенска рута со која вселенското зрачење ќе се сведе на минимум.

Но, со тоа потенцијално би се зголемила оддалеченоста во однос на времетраењето на мисијата, а дури и минимално зрачење би можело сериозно да го оштети минијатурниот  вселенски брод.

Друга опција би била да се додаде заштита на електрониката, но тоа пак ќе ја зголеми цената и тежината на леталото, исто како што и зголемувањето на димензиите не би одговарало на оргиналните спецификации на „StarChip“.

Сепак, постои и трет начин ова да функционира ако се осмисли нано-летало што ќе може автоматски да ги поправа штетите од радијацијата на својот пат до Алфа Кентаур.

Научниците велат дека со користење на „gate-all-around“ транзистори од нано-жици развиени од страна на истражувачите од КИСТ, ќе биде можно да се користи електричната енергија за греење на чипот што се наоѓа во нано-леталото, со што ќе се поправи секоја штета настаната од зрачењето.

Идејата е чипот во внатрешноста на леталото, за време на патувањето да се исклучува после неколку години, а за тоа време транзисторот со загревање ќе ги отстрани недостатоците предизвикани од зрачењето. После поправката на штетата чипот повторно би се вклучил.

Научниците тврдат дека процесот на загревање овозможува враќање на флеш меморијата  до 10.000 пати, а на DRAM меморијата до 1.012 пати.

Иако ова решение засега е хипотетичко – со оглед на тоа дека овие истражувања не се рецензирани од  други научници,  научниците тврдат дека оваа технологија ќе ги направи долгите меѓуѕведени патувања возможни.

Секако, да се обезбеди функционална електроника е само еден дел од целокупниот проект.

За да стигне нано-леталото неоштетено до Алфа Кентаур би морало да преживее и други големи закани, како вселенските судири низ лебдечкиот гас и прашина.

Претходно годинава научниците направија експеримент наменет за проценка на ризикот, при што е утврдено дека ваквите судири можат да бидат особено катастрофални – што значи дека на леталото мора да има дополнителна заштита.

Треба да се направат уште истражувања пред оваа неверојатна мисија да стане реалност, но едвај чекаме да видиме што ќе понуди развојот на нови технологии за иднината на меѓуѕвездените патувања.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail