Направен е хибрид меѓу човек и свиња?

embrion.jpg

Научниците креираа хибрид од човек и свиња во лабораторија. Ембрионот бил убиен пред хибридното животно да биде родено, пишува „Индепендент“.

Но, ова е пионерски развој, сметаат научниците, бидејќи во иднина би можеле да креираат вакви ембриони и да остават да бидат родени.

Научниците се надеваат дека во иднина ќе можат да израснуваат функционионални органи и ткива кои би се користеле за трансплантација. Некои од овие хибриди би ги користеле и за тестирање на нови дроги и лекови, имајќи на ум дека би реагирале на ист начин како и човекот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail