Направена хартија на која може да се печати до 40 пати

paper-print-e1484677562172.jpg

Глобализацијата и модернизацијата неизбежно влијаат на животната средина. Меѓутоа, откритието на еден нов вид хартија значително би можело да го намали отпадот од хартија. Според Paper Life Cycle, производството на хартија сè уште расте за 2,8% секоја година, а агенциите за заштита на животната средина велат дека само во САД во 2013 година количината хартија која била рециклирана изнесувала 125 килограми по човек.

Јасно е дека хартијата сепак е битна иако најголем дел завршува на депонии или на рециклирање. За да не се фрла толку хартија и да не се претвора во отпад научниците Тинг Ванг, Дајронг Ченг и нивните колеги осмислија нискобуџетен нетоксичен материјал на кој може да се печати и да се брише до 40 пати пред да се намали квалитетот.

Материјалот претставува комбинација од волфрам-триоксид и поливинил-пиролидон. Со изложување на материјалот на УВ зраци најмалку 30 секунди може да се претвори од бел во темносин. Кога ќе се изедначи матрицата со хартијата може да се печатат зборови и фотографии. Без никакви пречки испечатената содржина останува на хартијата ден или два пред да исчезне, а доколку сакате да потрае подолго можете да додадете маа количина полиакрилонитрил, па ќе добиете десет дена трајност. Од друга страна, доколку сакате содржината да ја снема што побрзо, само изложете ја на топлина околу 30 минути.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail