Направена најмоќната батерија која го претвора јаглерод диоксидот во електрицитет

160804171642_1_900x600.jpg

Со толку многу штетен јаглерод диоксид во атмосферата истражувачи од целиот свет работат на иновативни начини да го исчистат или да го употребат. Научници од Универзитето Пенсилванија креираа моќна батерија кој не само што го впива јаглерод диоксидот од воздухот туку го претвора во енергија. Нивната батерија не е прва од овој тип, но е најмоќна од сите.

Научниците велат дека високата концентрација на јаглерод диоксид во воздухот од согорувањето на возилата е неисцрпен извор на електрицитет. Еден метод на заловување на јаглерод диоксидот во вода и потоа претворање на хемиската потенцијална енергија во електрична струја со електрохемиски систем. Иако некои претходни обиди да се претвори CO2 во струја беа успешни, истражувачите велат дека технологијата била скапа.

Во новата батерија две идентични манган-оксидни електроди се одделени со воден раствор од CO2 или воздух. Како што јоните се разменуваат меѓу погустиот раствор со CO2 и нормалниот воздух волтажата се менува кај електродите во секој сад. Тоа предизвикува проток на електрони меѓу поврзаните електроди и се добива струја. Истражувачите велат и дека батеријата може повторно да се полни до максимум 50 пати. Засега не е потврдено дали ќе се комерцијализира технологијата, но доколку успеат да го направат тоа ќе се реши проблемот со климатските промени.

извор: inovativnost.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail