Направени детаљни слики на срце на бебе во матка (ВИДЕО)

Научници користејќи современа технологија успеаја да направат фотографии од срце на бебе додека тоа сѐ уште е во матката. Бремените жени биле скенирани во МНР-машина и моќните компјутери изградија 3D модели од срце на неродени бебиња.

Тимот на Кралскиот колеџ во Лондон, соопшти дека новата технологија би можела да ја подобри грижата на бебињата со вродени срцеви болести. Итражувачите велат дека нивниот пристап би можеле да го усвојат и болниците.

Со оваа метода ќе може да се контролираат и навремено да се преземат одредени чекори во спречување на срцевите заболувања кај бебињата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail