Направиле најсовршени банкноти, но потоа уследил шок: Некој внимателно го прочитал ситниот текст и открил грешка

b2GRVshaDe-napravile-najsovrseni-banknoti-no-potoa-usledil-sok-nekoj-vnimatelno-go-procital-sitniot-tekst-i-otkril-greska.jpeg

Австралиската централна банка преземала одговорност за печатната грешка на 46 милиони банкноти, откако една радио станица на социјалните мрежи објавила фотографија од банкнотите со микроскопска грешка.

Радио “Triple M” денес на Инстаграм објавил зголемена фотографија од банкнота од 50 австралиски долари на која се гледа погрешно напишаниот збор “одговорност”, пренесува агенцијата “AP”.

Зборот “responsibility” или “одговорност”, се појавува на банкнотата три пати, при што третата буква “i” во неа е изоставена секој пат.

Австралиската централна банка вели дека оваа правописна грешка ќе биде исправена при наредното печатење подоцна оваа година.

Австралиската банкнота од високотехнолошки полимер спаѓа меѓу најтешките за фалсификување.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail