Напредна обука за млади професионалци од ЦЕИ земјите членки

cei.jpg

Во контекст на Програмата за напредна обука за млади професионалци од ЦЕИ земјите-членки, ЦЕИ нуди три стипендии од 1.650 евра месечно во времетраење од 12 месеци.

Избраните кандидати ќе се приклучат на Извршниот секретаријат на Централноевропската иницијатива во Трст (ЦЕИ-ЕС).

Врз основа на нивните наставни програми и професионално искуство, избраните кандидати ќе му помагаат на Секретаријатот во спроведување на активностите на организацијата во областите на администрирање на канцелариите, посредништво и истражување на политиките.

Главни квалификации:

– Најмалку 2-3 години релевантно искуство во областа поврзана со јавните и приватните тела, меѓународни организации и други регионални тела, како и невладини организации.

– Граѓанин на една од земјите-членки на ЦЕИ (двојно државјанство или престој на друго место од земјата на потекло треба да биде пријавено).

– Универзитетска диплома од признаена академска институција.

– Одлично познавање на англискиот, и говорен и пишуван.

– Вештини за користење на „Microsoft Office“, „Word“, „Еxcel“, „Power Point“, „Оutlook“.

Aпликациите треба да бидат испратени на [email protected] до 25 јануари 2019 година.

ТУКА можете да ја преземете апликацијата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail